Создавање на душа
Човекот по природа е лошо суштество, неговото растење донесува сфаќања кои интегрирајќи ги во себе одредува правилни и погрешни дејствија, па своето функционирање почнува да го втемелува на нив. Тоа е процесот на градење на духот односно зголемување на свесноста. Додека градењето на индивидуалноста во себе, е градење на душата. Индивидуалноста и не е баш разликување од сите, туку создавање омилености во нештата, што секако ќе те разликува од некој, но и ќе те зближува со друг кој на некој начин има слични омилености со тебе, и за таквите постои народски назив „сродна душа“.
John Keats
Големиот англиски поет Џон Китс вели дека пишувањето поезија е создавање на душа. Пишувањето поезија го гледа како одмотување на навојот на перфектната креативност која доаѓа како бран во многу легендарни делови од животот на човекот. Пишувањето поезија би требало да е колективизирање на свои убави мисли како омилени нешта на индивидуата. На тој начин човекот е побогат со пацифистичка желба, страст, надеж и огромно разбирање кон правилните контексти на нештата.
Душа е она што сме ние, најдлабоко во себе. Колку сме поискрени кон себе, толку повеќе се дознаваме себе си, а секојдневните навики за маскирање поради забава или авторитет, нѐ одалечуваат од вистинските нас, но сепак во одредени дози се неопходни за социјализација, како и искреноста секако. Душата сепак умира со смртта на телото т.е. со наша трансформација.
Духот е бесмртената меморија од сите наши предходни животи, која се дополнува и со онаа од тековниот. Колку почесто се конектираме со таа меморија, толку сме подуховни (спиритуални) т.е. посвесни сме. А за начините на конекција нѐ учи психонаутиката [линк].
Бидејќи неповратната трансформацијата означува губење на душата – постојаноста е нејзино збогатување. А поетичноста исто така се поистоветува со трајноста на омиленостите, па ете уште една логичност во мислењето на Кејтс за создавањето на душата. Прастарите нешта (предмети, дела и тн.) исто се сметаат за душевно побогати.
Еден цитат од Matthew David Segall:
Beauty is not a dress, but the naked skin of reality seen through the knowing eyes of the poet. Bless the true, but exalt unendingly the beautiful, for its goodness is all that brings the mind to its senses.
Во песната „If Stones Had Tongues“, познатот поет Џејмс Фримен (кој својата песна со наслов „I’m there“ ја испрати на месечината, со Аполо 15) ја искажува есенцијалноста на душата објаснувајќи ја разликата меѓу нештата што имаат душа и оние кои немаат:
James Dillet Freeman
If Stones should find a tongue,
What would they say to me?
Would they deliver sermons
About tranquility?
I think that being tranquil
Is more than being still,
And so I think their silence
Is not of their free will.
Although stones seem to stay
As in a solemn trance,
I understand their atoms
Perpetually dance.
And so if stones had tongues,
I would not think it strange
If they gave learned lectures
About the joys of change.
Душата е нашата мисловна убавина. Ако ја имаме, ќе одлучиме да ги искажуваме своите искрени мисли на некој убав начин.
_______________________________________
Joe Sample – Soul Shadows >









После една случајна размисла за филосовска дилема околу тоа дали предрасудата е само вкус, и дали вкусот, принципот, догмата, верувањето е само предрасуда (во некој случај и потребна); сосема неочекувано дојдов до размисла околу теоријата за глобален пласибо ефект..
______________________
Проектот “6 billion Others” (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.
______________________
Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..
______________________
Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.
______________________
Кога ќе почнеш вистински да ги проучуваш дрогите и сите тие контрадикторности од нив, откриваш еден нов свет кој е сосема различен од оној во кој си живеел за целото време пред тоа. Прашањето што тогаш ќе си го поставиш е: дали откриениот нов свет е всушност вистинскиот во кој сите живееме, а не сме свесни за тоа, или е сосема некој друг?
______________________
Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!
______________________
Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто.
______________________
Свесноста е чуден поим. Неретко се поврзува со мудрост и интелигенција, и исто толку неретко ѝ се згрешува поимливоста поради тоа. Всушност истото се случува и со поимите мудрост и интелигенција бидејќи и двете се премногу различни за да се поврзат.
______________________
Обично се случува пред смртта, но на некои им се случува и во текот на животот – да се доведат до единство со себе и свјата свесност за живеењето. Сознанието поврзано со социјализацијата кое неминовно се провлекува како низ тунел, е зачудувачки штетно за самата потреба за социјализација.
______________________
Бернхард Шлинк е големиот германски писател кој со неговото маестрално дело „Читачот“, впечатливо отсликува една поствоена и морално ранлива флуидност на животот во Германија после втората светска војна. Го воздигнува чувствителниот и драмски елемент во една силна животна приказна протегајќи ја во релација меѓу два главни лика: Мајкл Берг и два пати постарата Хана Шмиц.
______________________
Постои религија наречена glory (или слава), која е една гранка од христијанството и овие христијани имаат интересно мото: “let your light shine before men, that they may see your good works, and glorify your Father who is in heaven.” Но ова е прилично небитно, бидејќи поимот слава е поинтересен од филозовска и психолошка гледна точка, но сепак не случајно го споив со религијата.
______________________
Повеќето луѓе имаат доживеано натприродни искуства од различен левел, постојат документарни филмови кои низ годините документирале многу такви случаи, од индиго деца до индиски спиритуалисти со натприродни моќи. Факт е дека постојат луѓе со таква моќ, но нивната појава е сѐ уште необјаснета од научниците, единствено футуристите се убедени дека тие се новата еволуција на човечкиот вид.
______________________
Јасно е дека во секој момент од животот одлучуваме еден од безбројните избори на нашиот следен акт, интересно станува кога ќе дознаеш дека 95% од нашите дејства ги контролира нашата потсвест. Тогаш си наметнеме прашње: како да ја одредиме одговорноста?
______________________




септември 20th, 2010 at 01:00
“Човекот по природа е лошо суштество”
Одма не се слагам! :)
Чекај сега да дочитам…
септември 20th, 2010 at 01:16
Знаев, ако.
Многу е логично објаснувањето за тоа:
Животните можат да направат злобни нешта (како повредување на човек или убивање други животни) и да не бидат казнети поради тоа затоа што тие не се во можност да бидат свесни за своите постапки, а човекот ќе биде казнет, затоа што има можност да биде свесен. Сепак, додека е мал казните се мали или ги нема, затоа што уште не е психочки доразвиен, што автоматски значи дека по природа е злобно суштество сѐ додека не еволуира.
септември 20th, 2010 at 01:33
Auuu,prekrasen post,sreka sto stana bolesnikov blog.mk. Prekrasen post so cija poenta sovrseno ne se slozuvam.Denes gledav edni gorili na televizija (97% nasi rodnii,neli) i tolku se dobri,cudo edno.
I poetov na naski treba da se cita Kits,ne Kejts. Aj legnav.
септември 20th, 2010 at 01:51
Истата забелешка од барабас.
Човекот по природа е добро суштество а не лошо.
“Духот е бесмртената меморија од сите наши предходни животи, која се дополнува и со онаа од тековниот. Колку почесто се конектираме со таа меморија, толку сме подуховни (спиритуални) т.е. посвесни сме.”
Да духот. Но ние не сме само духот, ние сме душата. А душата умира со смртта. Душата е една и нема претходни животи и реинкарнации.
септември 20th, 2010 at 01:57
Викаш човек израснат во изолација, или еве утописки израснат во место каде нема зло, како некој квази труман шоу, кога-тогаш ќе покаже зло?
Јас мислам дека злото го нема додека не ти го покажат.
септември 20th, 2010 at 01:58
злобни се луѓето , само фрли ги во соодветни услови за да можеш да видиш
септември 20th, 2010 at 02:02
Шарлотке, која е поентата на постот? =)
Милевски, http://www.gotquestions.org/soul-spirit.html
;)
септември 20th, 2010 at 02:07
Barabbas, еве од линкот за Милевски види : )
И јас не би сакал да се злобни, ама сѐ и тоа во утописку услови па уште повеќе, таму ќе се разгалат и од тоа никнува огромна себичност.
Во основа, страдањата се тие кои му ја потикнуваат душата, само некогаш во лоша насока, а некогаш во добра, зависно од своето минато т.е. од спомените од предходно.
Хемик, така..
септември 20th, 2010 at 02:14
outtake, не се согласувам дека луѓето се по природа лоши. Немаш докази за такво тврдење. Знам многу добро што е дух а што душа.
септември 20th, 2010 at 02:20
Милевски, твоето несогласување или согласување воопшто не ме засега. А за разликата за дух и душа е исто така надвор од интересот, таму ти потенцирав што сакав да ти кажам со линкот, ставив во наводници.
септември 20th, 2010 at 15:08
Мислам дека човекот по природа не е ни добро ни лошо суштество. Разумот го двои од сите останати живи суштества па тоа е она што го прави добар или лош.
Кога го споредуваш со животните викаш дека животните прават злобни нешта :) Животните не се злобни, тие едноставно ги следат своите нагони, без што не би можеле да преживеат. Истото го прави и човекот. Кога е дете, неговиот живот зависи од тие нагони и негата на другите, што не го прави лош. Можеби себичен би бил вистинскиот збор, ама лош не е. Себичноста е особина која е неопходна за преживување.
Со развивањето и зголемувањето на свесноста понатаму учиме да го разликуваме доброто и лошото. Лош може да биде само разумен човек кој откако научил да разликува добро и лошо се определил за второто, или го следи без многу размислување како полесен начин. Добар е оној што има добра душа :P :) Штом има мисловна убавина, тоа веројатно е пропратено и со соодветни дела и начин на живот.
Со се останато се соласувам :) Не сум сосема уверена дека духот е бесмртна меморија од сите наши предходни животи единствено поради тоа што не сум уверена дека сме имале НАШИ предходни животи, ама па затоа верувам дека духот Е бесмртна меморија од нечии предходни животи… кои патем, можеби и биле наши :D
септември 20th, 2010 at 17:35
Вистинското прашање што се појавува во врска добро/лошо суштество, е дали е несвесното функционирање е оправдливо?
За животните да, затоа што немаат можност да развијат свест, но човекот има и токму тоа ги прави неоправдливи неговите лоши дејства. Добро ајде себичноста е неопходна, точно, но тоа ја прави ли добра? Или можеби бараме оправдување за себе, за да си дадеме подршка во досегашното функционирање оти нели лудо е да размислуваш против себе. Нам ни треба ограниченост, ни треба правила и она што коњот го има за да не гледа лево/десно, само така може да функционираме примерно во општеството. Секое погледнување на страна може да ни открие колку сме погрешни, а тоа автоматски води до самоуништување.
Искрено, не сакам да гледам од лошата страна, оти ја знаеме нели тезата за полуполна и полупразна чаша. Така да, верувам дека човекот во поголемиот дел е веќе еволуиран и колку повеќе запознавам добри луѓе, толку повеќе сум убеден дека добро му оди тоа.
А за духот, пред некое време баш размислував дали сме ние или тоа е некоја непозната форма на енергија која влегувајќи во телата им дава свесност и собира мемории од сите животи. Мислам дека ако ние го сметаме својот почеток од моментот кога стануваме свесни за себе, тогаш што е со несвесната меморија од истиот живот која е доказ дека некогаш сме дејстуваме потсвесно? Дали сме тоа биле ние ако не сме биле свесни за тоа?
Секогаш сомнежите се тие кои нѐ наведуваат да веруваме во нештата. Нека останат засега како фантастични теории, додека не ги еволуираме или некогаш бидеме во можност да ги видиме во пракса. =)
Поздрав.
септември 20th, 2010 at 17:57
се сложувам дека човекот по природа е лош… не за џабе бебе кога ќе се роди треба да се подлегне на воспитување и да му се вкоренува етика и морал од мали нозе…и пак постои ризик од застранување од нормите….
септември 20th, 2010 at 21:39
Логично е ако се размисли малку, само луѓето обични нејќат да размислуваат за она што не им се допаѓа. И тоа е сосема разбирливо, нели, оти сите сме луѓе. =)
Сепак ние треба да го создадеме доброто во себе, ни треба потик и труд за еволуирање, а не за поглупавување, кое ми изгледа сѐ така поблиску ни е на дофат..
август 23rd, 2012 at 01:12
CialisCialis http://www.cialis.gd
MeridiaMeridia http://www.meridia.bz
Viagra Viagra Online without prescription http://www.viagra.gd
Viagra Viagra Alternative http://www.viagraalternative.name