outTake

outTakes of my mind

Поемата “Oh, the Places You’ll Go!”

.
From there to here, and here to there, funny things are everywhere.
~Dr. Seuss

»»Постот на блогспот»»

Во четириесет и деветата минута пред крајот на филмот Fracture, се појавува една фасцинантна поема од книгата “Oh, the Places You’ll Go!” која e напишана од Theodor Seuss Geisel, потпишан како Dr. Seuss. Инаку во филмот поемата ја чита глумецот Ryan Gosling. Книгата издадена под стандардниот интернационален број: ISBN 0-8335-5129-9 е последната книга која е објавеа пред неговата смрт. Прв пат е публикувана од Random House токму на денешен ден – 22-ри Јануари, 1990 год. Напишана во класичен стил како Green Eggs and Ham и The Cat in the Hat; Oh, the Places You’ll Go! има повеќе специфични карактери вклучувајќи и наратор и читач.

.

.
  • Do you dare stay out?
    Do you dare go in?
    How much can you lose?
    How much can you win?
    and if you go in, shoud you turn left or right?
    Or right and three quarters?
    Or maybe not quite?
    You can get so confused that you’ll start in to race
    doqn long wiggled roads at a break-neckint pace
    and grind on for miles
    across weirdish wild space
    headed i fear towards
    a most useless place
    - the waiting place.
    for people just waiting.

    Waitint for a train to go
    or a bus to come
    or a plane to go
    or mail to come
    or the rain to go
    or the phone to ring
    or the snow to snow
    or waiting around for a yes or a no.
    Or a string of pearls
    or a pair of pants
    or awig with curls
    or another chance.

Патем, замисли си да загледаш филм и да го стопираш за да ја препишеш поемата во него која те фасцинирала и згора на тоа да дознаеш дека истата била издадена токму истиот ден во кој го гледаш филмот (22 јануари), само 22 години предходно т.е. во 1990 год. Isn’t that fascinating?

»»Постот на блогспот»»

update: линк до целата книга во пдф (со мозила не отвара): http://www.scribd.com/doc/4141593/oh-the-places-youll-go-presentation-for-graduation

Нашите сонови

Пижамите се искинале
на деловите од мене
што не сонуваат повеќе.
(ckrtac)

Секој има сон и истиот тој сон за некого е реалност, а за некој – само сон. Планетава е исполнета со милион приказни и тоа од најбедните па до најуспешните, секому од нас му е поделено по една приказна за да ја живее и по една за да ја одглуми во животот. Обично таа што ја живее е прилично победна од таа што ја глуми, но тоа се случува затоа што луѓето толку си го сакаат својот сон што повеќе не им е битно дали е изглумен или жив – битно е да го дофатат.

Некои луѓе одбиваат да глумат и никогаш не ги дофаќаат своите соништа, а тоа чувство страстно ги задоволува. Таа чистост, таа поетичност. Иако многумина од нив воопшто не го размислувале тоа сепак поетичноста е составен дел од нив, а тоа некако во чувствата ги допира сите останати. Како мали се воодушевуваме на приказните од бабите и дедовците, оти во тие приказни има цели животи, одживеани. Тие се како души што се раѓаат при самото нивно раскажување, бидејќи тие остануваат да живеат и после смртта на човекот кој ги живеел. Оттаму се раѓа поетиката на животот, а луѓето кои не ги дофаќаат соништата не се ништо поразлични од другите едиснствена разлика е што се посвесни за драмскиот елемент во животот(т.е. поетиката), кој кај сите останати доаѓа на крајот, пред самата смрт и, немаат време да го живеат. Сепак дискутабилно е прашањето и дали воопшто треба да се живее тоа нешто.

Здружување на соновите е можеби најбитен чекор за нивното исполнување, бидејќи нечија реалност за некого е сон. Но ако го одглумиш, тогаш здружувањето би било само лутање низ глумата, сè до еден ден кога или сето ќе ти здосади или ќе срасне како дел од тебе. Радоста од неговото исполнување е најголема кога сонот со неуморност го чекаш, единствено ризикот е што истиот можеби никогаш нема да дојде.

Соновите често знаат да изумрат и да се родат други на истото место. Поетите тогаш се прашуваат каде одат умрените сонови, дали постои рајот на соништата, а ние сепак ние ги оставаме неколку метри под земјата и продолжуваме со поход кон новиот. Нашите сонови се наша приказна, а нашите приказни се нашиот сон сонуван некогаш пред да се родиме, можеби и во минатиот живот, којзнае.

Еве едно видео за животните сонови на “другите“ луѓе:

.

Проектот “6 billion Others”

.
.
Проектот “6 billion Others” (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други. Oд Бразилски риболовец до Кинески продавач, од Германски перформер до Авганистански фармер, сите одговориле на истите поставени прашања: за нивните сонови, за нивните стравови, за желбите,„што научиле од своите родители“,„што сакаат да остават на своите деца“, „преку какви проблеми биле соочени во својот живот“, „што значи поимот Љубов за нив“ и уште четириесетина прашања сѐ  со цел да се дознае што нѐ дели, а што нѐ соединва сите нас – 6 милијарди луѓе на планетава.
Јан Бертанд

Јан Бертанд

Јан Бертанд за проектов добил идеја кога заглавил во Африканската држава Мали, поради проблеми со хеликоптерот. Тогаш Јан целиот ден го поминал зборувајќи со еден од локалните луѓе. Домородецот му зборувал за своите соништа, желби и стравови во животот, неговата животна цел му бла да си ги израни своите деца. Јан вели: „тогаш се најдов себе си вметнат во најсуштинските мисли. Тој ме погледна право во очите, без да се жали или бара нешто до мене, дури немаше никаква експресија на незадоволство од својот живот. Потоа сонував да ги разберам тие зборови, да го разберам тоа чувство што нѐ поврзува нас бидејќи од таму планетава изгледа како збир на неверојатни и фасцинатни животи на кои им треба споделување.“ Јан има шеесет години, неговиот поглед кон минатото носи премногу информации, премногу слики и фасцинантни стории, но денес, вели тој, кога имаме толку многу технолошки опции како интернетот и можеме да ги споделиме сите наши различности, информацјата никогаш не била толку раширена и толку поверодостојна од порано, но сепак ни фали нешто – ни фали нејзиното разбирање.

Целта на проектот:

Проектот е лансиран во Фебруари во 2003 година, а е роден од една мала желба да се направи контакт со „другите“ луѓе. За да живееме заедно првото што е потребно е да се разбереме меѓусебно, да се осемлиме да го направиме првиот чекор; да прашуваме прашања, да слушаме, да биднеме дел од нечија животна приказна. Целта на проектов е да се соберат тие различни портрети на луѓе и да се нагласат нивните разлики со цел подобро да се разбереме меѓусебно. Зголемување свесноста за потенцираните разлики на „другите“ ќе влијае врз разбирањето дека сите начини на живот се правилни и ќе ја поттикне одлуката да живееме на свој начин!

Начинот на снимање:
  • Употребени се 40 и нешто прањаша, а за почетокот се изберени оние нѐ обединуваат: семејството, љубов, среќа; но и оние кои нѐ разделуваат на различни ставови: војна, примарните цели во животот и религиските или други верувања.
  • Следното е заеднички начин на снимањето: сите лица се снимени со идентични манири – предно вертикално снимање.
  • Заедничкото приоѓање: за секој лик е избрана позадна која ја отсликува неговата животна околина и истиот светлосен ефект како и звукот. Поставена е доверба меѓу репортерот и личноста која е интервјуирана за да таа зборува на лесен, доверлив и природен начин.
  • Како што еден режисерот Алберт Јакуард умее да рече: „Јас сум линковите кои ме брануваат во заедништво со другите“, така псоледниот дел од снимањето е составување на сите делови т.е. едиторскиот процес за линкирање или поврзување на содржината.

„Шести милијарди други“ не е геополитичко ниту социјално проучување, туку перспектива на човешството, колекција од човечки приказни. Приказни за стравовите, за задоволствата и соновите; кои ја создаваат нашата заедничка приказна. Собирајќи сведоштва за различноста на човечкиот вид, таткото на проектот се обидува да докаже дека различностите потекнуваат од самата потреба за преживување на светот поради самите различни услови во различните негови делови. Колку повеќе нѝ се изедначуваат условите – толку повеќе се зголемува разбирањето меѓу нас. Патем, за комплетирање на овој проект биле потрошени точно шест години, многу енергија, труд и најважното – меѓусебно разбирање.

________________________________________________
Неколку делови од снимањето:


.

»»Постот на блогспот»»

Дали сте среќни?

“There is only one success – to spend your life inyour own way.”
- Christopher Morley

Можеби најчудното прашање со кое се соочив во животот беше: „среќен ли си“. Чудноста беше во самиот момент на сериозност во кој беше поставено, a навистина дотогаш не бев размислувал толку сериозно за среќноста. Не знаев дали треба да направам калкулации за неколку години наназад, или битен е само моментот во кој е поставено прашањето. Инаку прашање го постави едно, тогаш најмило суштество, но за мене секогаш ќе остане мило. Можеби сум склон на идеализирање на милите нешта, којзнае.

На интернетов има милион статии со истиот наслов, некои промовираат совети за среќност, други искажуваат политички ставови алудирајќи на општата несреќност поради системот и функционалноста на државата. Но во главно и двете немаат некоја цврста врска со поимот Мислам дека прашањево може да има и доста јака психолошка страна, бидејќи отвара повеќе дилеми: дали се мисли на моменталната среќа и ако да тогаш зошто не користиме хемиски стимуланти за среќа? Или можеби важен ни е целиот живот, ако да, дали можеме да искалкулираме неколку години од минатото и резултатот да си го признаеме, искрено?

Други фактори во прашањето доаѓаат од филозовска страна: што би преземале за да си ја подобриме состојбата на среќата, и всушност треба ли, дали е навистина битно да се биде среќен? Некогаш забележувам и повеќе различни среќи, на пример уметникот е среќен и задоволен со себе поради својата уметност, додека мејнстрим луѓето се среќни поради пари, скапа кола, скап мотор..

Решив да направам анкета со прашањето: „дали се сметате за среќни?“ анкетата се наоѓа на ОВОЈ ЛИНК, па слободно дадете го својот глас за да разрешиме неколку дилеми и да донесеме заклучок на оваа тема кој ќе следи во пост кога ќе заврши рокот за гласање. Во моментов има преостанато уште 16 дена од вкупните 37 кои подоцна ги смалив на 18. Па повелете, искажете се. : )

За што е заслужен Трендо?

Мажи – не можеш да живееш со нив,
а не можеш ни да ги закопаш во дворот без да те види комшијата. -Трендо

Ш{{.

…..[Постот на блогспот]…..

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш! Јас не научив ништо од мал, сѐ што научив го научив отпосле, но меѓудругото научив дека луѓето треба да ги цениме по доброто што го направиле, а за лошото постои некоја сила во универзумот која ги враќа нештата на место и се вика карма. Луѓето обично мислат дека кога не ѝ веруваш – не ти се случува. НЕ! Туку не си свесен дека ти се случува. Што и не е така лоша опција.

На знам на Трендо дали му се случи карма со тоа што повеќе не е дел од он.нет (дали доби клоца која јасно е дека и си ја заслужи) или не, сеедно, фактот е дека Трендо официјално се разведе од Трендоленд. Иако тоа се предвидуваше поради продавањето на он.нет сепак наиде на измешани чувства кај блогерите во Македонија бидејќи сакале или нејќеле тој е нивниот татко, тој го основа блогерајот во 2005-та година и беше масовно прифатен од македонските сајберпанкери, но и од сите останати кои сакаа нешто да му соопштат на светот во моментот кога тоа никој не го правеше. Тоа беа шака луѓе, но шака вистински луѓе. Беше некако привилегија да се биде еден од нив, те сметаа за вистински човек, те прифаќаа и те чувствуваа за свој, бидејќи штом си тука и имаш желба да си тука, тогаш немаше причина за сомнеж. Се измислија и десет трендови заповеди (линк1) (линк2), (линк3), Трендо доби божествена титула, а имаше и позната блогерска игра – Штафета, која се играше еднаш или два пaти годишно.

Мора да се признае дека постоеше и елита, тоа беа новинари, книжевци, писатели, професори и тн. Формираа здружение на блогери, се појавуваа по емисии наменети за темата блогирање, се одржуваа разни требини и конференции од кои ми текнува на последната за употреба на кирилица на интернет. Тоа беа навистина сајберпанкерски денови, тоа беше времето кога во Македонија многу малку луѓе користеа интернет, а уште помалку се изразуваа на интернет. Беше вистински рај за ентузијастите и луѓето кои имаа силна желба да ги сменат нештата, па макар тоа биле и нештата кои се во нив.

.

Од блогерајот израснаа писатели, новинари, тв водители, а најмногу програмери и одржувачи на сајтови. Повеќето македонски сајтови денес ги уредуваат луѓето кои првото такво искуство го доживеале на блогерајот. Писателите како Алекс Букарски и Дуле Варваринот беа првите што се прославија, па по нив следуваа четиринаесет блогери со едицијата блог записи во издание на Аквариус каде Трендо имаш говор како администратор на блогерајот и главната основа без која ништо од тоа не би постоело.

После некоја година се појавија нова група (њу ејџ) млади раскажувачи од кои двајца се прославија токму минатата година кога окно.мк ги објави нивните збирки блог раскази преку Темплум, тоа беа Куќоберникот (Иван Шопов) и Фигмент (Ненад Јолдески). Освен прославените, постојат уште многу непозанти критичари, филосови, писатели, поети и уредувачи на популарни сајтови; кои нивната размислувачка способност ја гаеја токму на блогерајот без кој ништо од тоа немаше да постои. Трендо е заслужен што засеа едно поле за интелигентно комуницирање и изразувае на младите, од кое се родија многу талентирани уметници и доста критичари, интелигентни и елоквентни луѓе. Меѓудругото постоеше и еден специфичен хумор кој беше повеќе во иронична смисла, од каде дебело се разви интернет сеирџиството, во позитивна смисла секако.

Кога во 2009та се популаризира Твитер како микро-блог алатка, повеќето блогери ги префрлија своите блогови на блогспот или вордпрес, а за здруживање меѓу себе користеа твитер. На блогерајот останаа луѓе без креативност, желби и амбиции; но се разбира и за тоа беше заслужен самиот Трендо, бидејќи не можеше да овозможи пристојни технички услови за блогирање, а можеби и поради преплавеноста на  секакви луѓе, па креативците се повлекоа во своето твитер дувло, но сепак факт беше дека блогерајот се распадна, а Трендо не знаеше како да го поправи. Со последни сили, Трендо основа нова платформа, мислејќи дека ќе ги поправи сите нештата, но доби токму контра ефект – ги избрка и последните блогери. Тука ја направи клучната грешка поради која го мразат буквално сите блогери, иако тој ги направи блогери – тој им ги заклучи блоговите на сите и сосила ги премести на новата платформа купена од вордпрес, ја запушти платформата со милион недостатоци и багови, стана нефункционална и поради самото тоа – стана и одвратно место за посетување бидејќи собра глутница неразумни, потпросечно интелигентни и ужасно мизерни. Ама Misery loves company, па глутницата продолжи и денес да си блогира и да расте од ден на ден, но во најможниот некреативен правец кој некогаш постоел.

Токму и за тоа е заслужен господинот Трендо. Но мислам дека најголемата омраза од блгоерите ја доби кога им го одзема правото на своите блогови и ги присили да се префрлат на друга платформа која воопшто не беше технички подобра од претходната, туку напротив. А нивните поранешни постови ги изобличи со префрлувањето, па луѓето се згрозија од своите нови блогови и никогаш повторно не ги отворија. Освен тоа, повеќето блгоери, не добија ни шанса да го префрлат блогот, бидејќи нивниот предходен ник бил на кирилица и немаше никаков начин тоа да се поправи. Се праќаа милион мејлови до Трендо, но ништо не помогна.

Од оваа кратка историја на македонскиот блогерај, може да се увидат и добрите и лошите одлуки на господинот Трендо кого на времето го направивме бог за создавањето на нашиот блогерски свет, а потоа со години го колневме и го мразевме од дното на душата, за да денес конечно го видиме како го продава своето блогерајско ѓубре и бега што подалеку од своите грешки. Можеби новиот сопственик на он.нет и блогерајот ќе направи нешто професионално во врска со сајтовите, а можеби и ќе го изгаси блогерајот од кој повеќе никој нема корист и ќе стави крај на таа здружена глутница на блог.мк која го изобличи и самиот поим блогирање.

.

…..[Постот на блогспот]…..

_____

[Напомена: моите лични видувања за одлуките на Трендо преку раскажување на неколку годишна историја на македонскиот блогерај; не треба да влијаат врз личниот профил на овој човек и неговите вистински вредности бидејќи немаме ништо блиско со него, освен можеби хороскопскиот знак. :-) ]

Фасцинантна реалност II (патување низ времето)

“leave no child without hope for the future”
- David Lewis Anderson

Првата фасцинантна реалност која ја опишав беше онаа на Stewart Swerdlow која раскажуваше повеќе фантазија отколку наука бидејќи содржи верување за рептилски суштества со човечка интелигенција кои сѐ уште живеат под земјата. Иако е неповерлива, сепак спаѓа во фасцинантна реалност бидејќи тој успеа да собере огромен број луѓе кои веруваат во тоа и да претстави фантастична теорја околу тоа. Вторава фасцинатна реалност е релативно понова, и нејзиниот иницијатор е Давид Левис Андерсон, а се зборува за патување низ времето.

.

Давид Л. Андерсон е роден во Weirton во западна Вирџинија (САД), студирал инженерство, физика и филозофија, но неговиот интерес е насочен и кон времепросторна физика, специјална релативност и тн. Учел и воен колеџ во Minnesota и потоа се вработил во американска воена авијација каде што дизајнирал мотори за воени авиони. Од таму ја добил заинтересираноста за патување низ времето и подоцна основал ја организацијата TTRC која има лабараторија за истражување на временска технологија стационирана во Њу Јорк, Америка.

Таму со група физичари во 2010 год. израдиле временска машина со која можат да се вратат неколку минути во минатото, но сѐ уште не е експериментирано на луѓе, туку на растенија и животни. Неговите теории за подвселенска вбрзина подоцна формирале теорија позната во физиката како Time-warped field theory. Подоцна снимил документиран филм за тоа каде што објаснува за временската машина. Имено начинот на кој е изградена е целосно базиран на искористување на гравитација и светлната, всушност светлината ќе се користи како манипулација на гавитациајта, а гравитацијата како манипулацја врз времето. Со користење на еден светлосен ласер машината би требало да ја контролира временската дисторзија исто како што светлината ја контролира гравитацијата, така што ќе може да патуваме во иднина но и да се вратиме назад. Начинот на контрола и управување се базира на зголемување на светлината која ќе ја згусне гравитацјата, а таа ќе го успори времето, со што предметот ќе скокне во иднината. Многу подетално тоа го објаснува во аудио разговор кој е поставен подолу за слушање.

Доста интересна и фасцинантна реалност на овој научник, но сепак постои оној познат парадокс – „ако дете патува во минатото и го убие својот дедо, како може воопшто да се случи патување во минатото кога ако не постои дедото нема да постои и неговиот внук?“ Давид ова го обајснува со тоа што кога ќе патуваш со неговата временска машина, всушност стигнуваш во паралелен универзум каде нештата се премногу но не целосно исти како и овој, и таму можеш да го смениш верменскиот тек, но тоа не може да влијае врз универзумот каде што припаѓаш. Патем, неговата опсесија со патување низ времето се родила откако неговиот татко починал, што ѝ дава еден драмски елемент на целава научно фантастична приказна.

Читав неколку дискусии на странски форуми околу оваа појава, бидејќи кај нас е сѐ уште непозната, и нешто што ме заинтересира беше прашањето како би го докажале постоењето на времето, ако е тоа само илузија тогаш патувањето низ илузии несомнено би предизвикало драстична дисторзија на она што го сфаќаме како дефиниција за нормалност или нормално живеење. Можеби најдобар доказ дека времето постои е самата неможност да ги смениме нештата што сме ги направиле, тогаш дали оваа временска машина всушност би го убила времето и би го избришала неговото постоење?

.

[Проверен] торент за неговиот документарец: http://bit.ly/xafhe9

.

„Фасцинантна реалност II (патување низ времето)“ на блогспот

Животните и/или луѓето?

“We can build a new tomorrow, today.”
~Brian Molko

Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто. Што ни е побитно, е малку субјективна тема, но „како да се помогне“ е можеби и општо прашање?

1. Најпрво за луѓето. Како и зошто? Навистина не се сложувам дека некој треба да им даде нешто материјално на бездомниците, оти на нив им треба вештина во пронаоѓање пат до храната т.е. заработување. Секој човек има потенцијал во себе и ако сака некој да му помогне треба само да му го пробуди или поттикне потенцијалот. Ја знаеме онаа кинеска поговорка: наместо да му дадеш риба научи го сам да ја лови, така ќе му помогнеш за цел живот. Друга страна на приказнава е и малце подискутабилна бидејќи бездомниците не сакаат да учат, а не може некој насила да ги натера оти е рамно на терор. Но тука сепак постојат психолошки методи кои се трик а не сила, што значи можно е да се извади потенцијалот на виделина. Тоа е единствениот начин на кој навистина ќе му се помогне на беспомошен човек. Но сега добиваме прашање „зошто“ – затоа што е човек! А штом е човек општеството може да има ќар од него, сите сме зависни еден од друг, сите си помагаме индиректно незнаејќи го тоа.

.

.

Сепак реалноста која ни се случува во моментов е сосема обратна од свесноснот и разумност за оваа тема – владата им плаќа на сите да имаат четврто дете, што автоматски се поттикнуваат оние што немаат пари, е поради тоа токму тие се и поростата маса. Што значи плаќањето за да се раѓаат повеќе деца, е плаќање т.е. инвестирање во зголемување на простата маса за да истата се најде во тесно поради беспарица и да биде принудена да работи за многу ниска плата (поради големата невработеност нели) и ете ти го производот во Македонија: инфлуацијата ја погодува само храната, додека платите си остануваат исти како пред 7-8 години, а некаде и повеќе. Згора на сѐ тука постои уште една нус појава, а тоа се циганите и сите полубездомни луѓе кои живеат со неколку парчиња леб за цел ден;  тие се појавуваат на телевизии и хистерично плачат поради нивниот очаен живот. Покажуваат разрушени простории каде што живеат и куп деца кои ги измачуваат правејќи ги во такви услови. Имаше некоја колумна малку поодамна, дека таквите луѓе кои прават деца без да можат да им обезбедат соодветни услови – треба да се соберат во затвор оти тоа треба да се смета за злодело, бидејќи навистина е! Децата цел живот се измачуваат без да се виновни поради тоа, тие всушност ги плаќаат гршките на своите родители.

2. Го разбирам до некаде и револтот кон алудирање на заштита на животните, затоа што тогаш обично се прашувам што е разликата меѓу куче и прасе? Зошто таа организација што штити животни не ги штити сите туку едните ги привилегира, а другите се дозволени за касапење. Овде всушност и делумно постои одговор, но истиот е од психолошки карактер и кога човек ќе го слушне ќе сфати дека всушност нивното спасување или штитење не се заснова на жал, туку на заштита на психата на луѓето. Еве го психолошкиот одговор: животните што ги јадеме се дозволени за касапење затоа што тоа е нужно, и тоа зборче потсвесно го користиме како оправдување пред својата совест, психа, морал, за да истите ги зачуваме.  Но кога ќе почнеме да измачуваме животни кои не ги јадеме, ни се добива нарушување во моралот кое се зголемува со тек на време и некогаш може да се случи да се убедиме дека може и човек да искасапиме т.е. дека не е голема разликата – тогаш доаѓа крајното психичко пореметување. Значи ако заштитата на животни се случуваше од жал и правда, ќе се заштитуваа сите, но во овој случај мислам дека постои психичка основа, т.е. сочувување на моралот и чистата совест.

Во реалноста сите продаваат некоја жалност кон животните, споредувајќи ги со луѓе бидејќи имаат душа. Не викам не, лично ми е жал кога животно се мачи, и сакам да му помогнам бидејќи така си помагам себе си т.е. на својот морал и одржување чиста совест, а можеби и оти сакам да си ја мирољубивостта во себе. Имам хрането кучиња пред Веро во 4 саат преку ноќ со хамбургер купен преку улицата во насока на плоштадот и, се чувствувам убаво поради тоа. Сум им давал и пари на циганчиња, едно од нив често доаѓаше токму кога ми завршуваше смената од работа и си муабетевме по патот и секогаш му давав по десет денари. Тоа е мој избор и не велам дека треба секој да го прави, а најмалку е потребно да создаваме омраза и насилство кон луѓето кои немаат чувство за животните, бидејќи сметам дека:

- во моментов многу повеќе ни недостасува амбицијата да пружаме помош, отколку да осудуваме и наштетуваме на луѓе кои не пружаат помош.

Животните и/или луѓето? (на блогспот)

Дебата: Скопје 2014 и македонското општество


Дебатата е доста конструктивна и интересна, вреди да се погледне бидејќи има малку поинаков поглед од оној политичкo дипломатски стил на говорење, од причина што овде учествуваат и уметници од кои еден е писател другиот сликар, но и неутрална критички настроена младина во публиката која има шанса да се вклучи со прашање.

»»

Патем, на facebook го напишав своето мислење околу дебатата, поради што се разви убава дискусија со коментари од над 8 илјади карактери, но за да не биде постот монструмски и да ја дигресира дебатата од видеото; дискусијата ќе ја пренесам во кометнар.


This work by outTake is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported.